Надежите дека официјален Вашингтон ќе постигне договор, ги крена акциите на азиските берзи
Благодарение на надежите дека официјален Вашингтон ќе постигне договор за финансирање на владата, која ќе стави крај на двонеделното исклучување на владините услуги, цените на акциите на азиските берзи утринава го достигнаа највисокото ниво во последните пет недели.
На берзата во Токио, индексот Никеи беше во плус 0,3 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг, Јужна Кореја и Австралија се зголемија меѓу 0,5 и 1 отсто.
Берзите во Сингапур, Индонезија и Индија денеска не работат поради тамошните празници, додека индексот MSCI на азиско-пацифичката берза без Јапонија, беше во плус 0,8 проценти достигнувајќи највисоко ниво во последните пет недели.
Слично
