Надеж за задолжените во швајцарски франци-се очекува пад на франкот
Оние кои се задолжувале во швајцарски франци, можат да здивнат бидејќи до средината на 2014-та аналитичарите очекуваат пад на валутата од 10 отсто во однос на еврото.
Прогнозираниот пад на франкот е резултат на намалување на ризикот поврзан за еврозоната. Во текот на кризата многу вложувачи се имаат свртеано кон швајцарскиот франк, a со смирување на состојбата почнаа да се купуваат и други валути.
Доколку прогнозите станат реалност, за задолжените во оваа валута тоа би значело намалување на ратите за отпалата на кредитите и до 20 отсто во однос на оние кои се платени во 2011 година.
Сепак, гувернерот на Централната банка на Швајцарија изјави дека Банката нема намера да се откаже од минималниот валутен курс од 1,2 франци за евро.
Швајцарската централна банка ја „фиксираше“ својата национална валута за еврото уште во 2011 година, а минатиот месец најави дека состојбата ќе остане непроменета од повеќе причини, меѓу кои и ризикот од дефлација.
Слично
