НАДЕЖ ЗА МИР: Во Газа се одржува ново примирје
Од ноќеска на полноќ на сила е ново примирје во Газа. Израелската војска објави дека денеска не биле упатувани нови ракети од палестинска кон израелска територија, а израелските одбранбени сили не таргетирале цели во Појасот Газа.
Примирјето овозможува обнова на преговорите за да се завршат едномесечните жестоки судири меѓу Израелците и Палестинците, во кои загинаа речиси 2.000 лица.
Палестинските преговарачи бараат да прекине блокадата врз Газа која ја воведоа Израел и Египет, додека Израел како услов во мир бара разоружување на екстремистите во Газа.
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун ја поздравил веста за нов 72-часовен прекин на огнот, апелирајќи до двете страни да работат на воспоставување на долготраен мир.
Тој изрази надеж дека ова на Израел и Хамас со посредство на Египет ќе им даде нова шанса да договорат одржлив прекин на огнот за доброто на цивилното население.
Слично
