Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 90% од жените во Холивуд жртви на сексуални предатори

Над 90% од жените во Холивуд жртви на сексуални предатори

Најновите истражувања укажуваат на шокантен број на случаи со сексуално вознемирување во Холивуд, кој веќе подолг период го тресат секс-скандали. Истражувањето на Ју-ес Тудеј покажува дека 94 отсто од жените во Холивуд биле сексуално вознемирувани или напаѓани во текот на работата. Поголемиот дел од жените изјавиле дека сексуалното вознемирување било од страна на постари лица на високи функции.

Во рамки на истражувањето се анкетирани 843 жени, кои работат во индустријата на забава, вклучувајќи и продуцентки, писателки и глумици, за нивното искуство со сексуалното малтретирање.

Дури 87 отсто од анкетираните жени изјавиле дека најмалку еднаш добиле „непристојни коментари од сексуална природа или шеги“, додека пак 75 отсто навеле дека биле сведоци на вознемирување на други жени.

Истовремено, 64 отсто признале дека имале понуда за сексуален чин или врска, а 21 проценти навеле дека биле форсирани да глумат секс.

Интересно е тоа што третина од анкетираните жени изјавиле дека не се сигурни дека тоа што им се случило смета за сексуално малтретирање.

Движењето „Истече времето“ е основано во октомври 2017 година, откако десетици жени јавно го обвинија американскиот продуцент Харви Вајнстин за сексуално вознемирување и малтретирање, наведува Хафтингтон пост.


Слично

Поврзани вести