Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 880.000 автомобили на „Тојота“ се со дефект – Ќе бидат повлечени од пазарот

Над 880.000 автомобили на „Тојота“ се со дефект – Ќе бидат повлечени од пазарот
Поради недоволно безбедната задна суспензија на автомобилите, јапонскиот автомобилски концерн „Тојота”, од пазарот во САД и Канада, ќе повлече 880.500 џипа Toyota RAV4 и седан Lexus HS250 Hybrid, соопшти Националната управа на САД за безбедноста на сообраќајот на патиштата. За овој дефект, жалби пристигнале од 130 иматели на овие автомобили. На демонтирање ќе подлежат џиповите, произведени во 2006-2011 година, како и седанот со производство од 2010 година.
Слично

Поврзани вести