Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 80 обезбедувачи на „Евро 2016“ поврзани со терористи?

Над 80 обезбедувачи на „Евро 2016“ поврзани со терористи?

Повеќе од 80 лица, ангажирани за безбедноста на Европското првенство во фудбал „Евро 2016“ во Франција , фигурираат во листа на терористи.

Според медиумите, 82 луѓе кои работат во приватни компании за обезбедување и се ангажирани за обезбедување на „Евро 2016“, фигурираат во посебна база на податоци на лица поврзани со терористи или самите тие претставуваат закана за државната безбедност. Ова го соопштија француските медиуми, повикувајќи се на податоци од Главната дирекција за внатрешна безбедност на Франција. Наводно, француското контраразузнавање ги проверило податоците на над 3.500 обезбедувачи.

Францускиот претседател Франсоа Оланд призна дека постои ризик од напади за време на Европското првенство во фудбал, но додаде дека Франција не смее да биде исплашена.

Фудбалското првенство се одржува во Франција од 10 јуни до 10 јули.

Слично

Поврзани вести