Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАД 76 МИЛИОНИ ЗАРАЗЕНИ ВО СВЕТОТ: Сепак има и земји каде нема ниту еден починат

НАД 76 МИЛИОНИ ЗАРАЗЕНИ ВО СВЕТОТ: Сепак има и земји каде нема ниту еден починат

Светот бележи 76,084,858 случаи на коронавирусот. 

Од нив 21,047,165 случаи уште се активни. САД, Индија и Бразил се земји со најмногу заразени. Зад нив се Русија, Франција и Турција, а понатаму се редат Британија, Италија и Шпанија. 

И земји кои долго време немаа починати, сега регистрираа жртви. Таков е случајот со Виетнам, каде сега има 35 жртви. Тајван има 7 жртви, а Бурунди има само 2 случаи, а исто толку има и Фиџи. 

Монголија, Доминика, Самоа, Лаос и Еритреја се држави каде засега нема починати од вирусот. 

Започна вториот бран на коронавирусот во Јужна Африка, каде има нова верзија на вирусот.  Ова се случува само неколку дена откако Велика Британија информираше дека открила  нов подвид на Ковид-19.

Слично

Поврзани вести