Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 70 тела на имигранти се извадени од напуштен камион во Австрија

Над 70 тела на имигранти се извадени од напуштен камион во Австрија

Над 70 тела на имигранти се извадени од камионот, кој беше отворен вчера напуштен во резервната лента на автопат во источна Австрија, во близина на границите со Унгарија и Словачка, соопштил портпаролот на австриското Министерство за внатрешни работи, цитиран од светските агенции.

Прелиминарните податоци беа за помеѓу 20 и 50 тела. Пребројувањето на жртвите е многу тешко поради распаѓање на труповите.

Тројца лица се уапсени во Унгарија поради камионот со мртви имигранти во Австрија, објави весникот „Кронова“, но австриското внатрешно министерство не ги потврдило се уште информациите.

7,5-тонскиот ладилник камион беше пронајден вчера предпладне од патna полициска патрола крај австрискиот град Пандорф, на 50 километри југоисточно од Виена и недалеку од унгарската граница. Тешкиот камион очигледно бил напуштен, како што изгледа, откако возачот утврдил дека илегалните патници се мртви.

Тешкиот товарен камион бил однесен во царинска зграда за ветеринарни инспекции, која располага со термо камера, каде експерти по судска медицина работеле цела ноќ за да ги поделат труповите и да ги избројат.

Во моментов нема информации за идентитетот и потеклото на луѓето кои се наоѓале во камионот. За еден час е закажана прес конференција на полицијата во австриската покраина Бургенланд, каде беше пронајден камионот, соопшти „Франс прес“, цитирана од светските агенции.

Слично

Поврзани вести