Над 600 летови откажа „Луфтханза“ поради штрајк
Авиопревозникот „Луфтханза“ денеска откажа повеќе од 670 европски летови поради штрајк на вработените.
Луфтханза соопштила дека се откажани поголем број домашни и кратки летови на аеродромите во Франкфурт, Дизелдорф, Берлин и Хамбург.
Синдикатот на вработени во овој германски авиопревозник повикал на штрајк, со цел да се зголеми притисокот врз раководството на компанијата пред втората рунда преговори за зголемување на платите од отсто на 33.000 вработени.
Слично
