Над 60 џихадисти убиени во офанзивата за ослободување на Тикрит
Над 60 борци од групата ИД се убиени во офанзивата на ирачката армија и провладините шиитски милиции врз Тикрит, град што е под контрола на џихадистите, пренесува ТАСС.
Исламистичките борци биле убиени за време на бомбардирањата на повеќе цели во Тикрит, извршени од ирачките военовоздухопловни сили.
Утринава борците на Иисламската држава почнале со повлекување на своите единици од градот.
Офанзивата врз Тикрит почна вчера. Во неа учествуваат 30.000 војници.
Копнената офанзива, меѓутоа, е попречувана од подметнати бомби, што исламистите ги оставаат крај пристапните патишта.
Армијата успеала да го заземе округот Хармин, источно од Тикрит, и два кварта, исто така, во источниот дел на градот, каде досега имаше џихадисти, пренесе ДПА. Опколен е и квартот Кадисија, во северното предградие на Тикрит.
Слично
