Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 5600 мигранти спасени во Средоземното Море

Над 5600 мигранти спасени во Средоземното Море

Единаесет мигранти се удавија крај бреговите на Либија, а над 5600 сеспасени во Средоземното Море во понеделникот, пренесе Франс прес.

Претставник на либиските власти соопшти дека 11 лица, меѓу кои две деца, се удавиле со гумени чамци на пат кон Европа. Тие се запрени од либиската крајбрежна стража и вратени во земјата. 151 лица кои биле на гумени чамци, биле сместени во прифатен центар во областа.

Над 5600 мигранти биле спасени во Средоземното Море во понеделникот, соопшти италијанската крајбрежна стража.

Откриени биле вкупно 39 бродови, главно гумени чамци, но и рибарски бротчиња. На еден од нив е откриено тело на починат мигрант.



Слично

Поврзани вести