Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 520 000 бегалци влегле во Европа преку Средоземното Море од почетокот на годината

Над 520 000 бегалци влегле во Европа преку Средоземното Море од почетокот на годината

Од почетокот на годината во Европа преку Средоземното Море дошле 522 134 мигранти и бегалци, пренесе „Франс прес“, повикувајќи се на податоци на Меѓународната организација за миграции.

Најмногу мигранти дошле во Грција (388 324). Италија е на второ место со (130 891).

Во Грција мнозинството од мигрантите и бегалците се Сиријци (175 375), проследено со Авганистанци (50 177).

Во Италија повеќето од мигрантите и бегалците се од Египет (30 708), додека од Нигерија (15 113).

Во обид да преминат преку Средоземното Море до Европа оваа година се удавиле 2892 мигранти.

Слично

Поврзани вести