Над 50.000 руски војници загинале во Украина - тврдат украинските власти
Украина тврди дека во војната досега загинале 50.000 руски војници.
Украинската одбрана информира дека во војната досега загинале над 50.000 руски војници. Украинците тврдат дека само во последните 24 часа убиле 350 руски војници.
„50.000 руски војници можеа да имаат мирен живот и да работат во својата татковина. Но, тие избраа војна и загинаа во Украина“, стои во објавата на Твитер.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. Русија ретко го објавува бројот на загинати. Русија не се повлекува додека не ги оствари целите на како што велат „специјалната операција“.
Слично
