Над 50 луѓе загинаа при експлозија на автомобил-бомба во Багдад
Повеќе од 50 луѓе загинаа, а околу 60 се ранети кога денеска во трговски шиитски кварт во Багдад експлодира автомобил-бомба.
Во експлозијата во Садр Сити ранети се уште најмалку 60 луѓе, од кои многумина се во критична состојба. Нападот се случи пред еден салон за убавина во текот на работното време каде експлодира џип. Британските медиуми пренесуваат дека повеќето од жртвите се жени.
Агенцијата Амак, која ја поддржува Исламска држава, јави дека цел на нападот биле припадници на шиитската полиција. Од експлозијата големи штети претпреле околните згради и автомобили, а засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Слично
