Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 5.358 загинати во Украина од почетокот на судирите

Над 5.358 загинати во Украина од почетокот на судирите
Во судирите на истокот на Украина досега загинале најмалку 5.358 луѓе, од кои, во последните три недели, најмалку 224 цивили загинале, а 545 се ранети, соопштија Обединетите нации. ОН веруваат дека вистинската бројка на жртвите и повредените во Украина е значително повисока. ОН апелираат заштитата на цивилите да биде приорите за двете страни во пресметките, и го осудуваат високиот број на загинати цивили во неселективното гранатирање на истокот од Украина. Комесарот за човекови права на Обединетите Нации, Зеид Раад Ал Хусеин предупреди дека секоја натамошна ескалација на судирот ќе биде катастрофална за над 5 милиони луѓе, кои живеат во источна Украина. Проруските сили денеска информираа дека во артилериски напад загинале најмалку 8 лица, а 22 се ранети.
Слично

Поврзани вести