Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 5.000 млади од Европа во потрага по нови решенија за иднината

Над 5.000 млади од Европа во потрага по нови решенија за иднината

На средба посветена на изнаоѓање решение, над 5.000 млади на возраст од 16 до 30 години од Европа во мај 2014 година во Стразбур ќе учествуваат на средба посветена на изнаоѓање нови решенија за европската иднина.

Предвидено е „Средбата на младите Европејци“ да се одржи од 9 до 11 мај во зградата на Европскиот парламент во Стразбур. За време на средбата ќе се одржат педесетина работилници на кои ќе бидат разменети мислења меѓу младите, а се очекува на нов да присуствуваат и истакнати личности од економската и политичката сфера. Дебатите кои ќе се одвиваат на англиски, француски и германски јазик, ќе бидат посветени на невработеноста на младите, дигиталната револуција или одржаниот развој.

- Идеите и заклучоците ќе бидат ставени во завршниот извештај кој ќе им биде доставен на европратениците од новиот состав на Европскиот парламент, исто како и на други личности кои можат да се инспирираат од него, стои на интернет страницата посветена на оваа средба.

- Ние пратениците, сакаме да ги слушаме младите, ние зависиме од нивните идеи, нивните предлози и решенија, изјави претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, најавувајќи ја средбата заедно со градоначалникот на Стразбур, Роланд Рис.

Средбата која се одржува две недели пред европските избори, треба да придонесе за подобра борба против евроскептицизмот, кој исто така ги зафаќа младите, оцени градоначалникот на Стразбур.

Заинтересираните млади се повикани да се запишат во групи од најмалку десет лица nа адресата www.europarl.europa.eu/ese2014. Учеството е бесплатно, но организаторите не обезбедуват сместување и храна.

Слично

Поврзани вести