Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 40.000 Чеси зависни од комар

Над 40.000 Чеси зависни од комар

Според последните резултати од истражувањето на Чешкиот мониторинг центар за дрога, во земјата има околу 42.000 Чеси, од 15 до 64 години кои се зависни од играње на автомати за игри на среќа, а околу 350.000 луѓе се „потенцијално“ загрозени комарџии.

- Чешка е земја на ЕУ, каде понудата за игри на среќа е најзастапена и ние ја држиме врвната позиција на светско ниво. Тоа е поврзано со многу здравствени и социјални последици кои го оптоваруваат општеството, поединци и нивните семејства, изјави координаторот на Мониторинг-центарот, Јондрих Воборил.

Според него, во Чешка функционираат над 70.000 технички уреди за играње на игри, од што произлегува дека на 1.000 жители припаѓаат 7.500 апарати.

Истражувањето кое се врши од 2008 година, покажува дека коцкарски проблеми имаат пет проценти од вкупниот број жители на Чешка, кои најчесто започнуваат да играат еден вид на игри на среќа, а подоцна се префрлуваат на интернет-обложувањата.

Воборил, позитивно ги оцени плановите на државата да ги ограничи игрите на среќа и бројот на автомати во земјата.

Најновата Уредба за регулирање на игрите за среќа предвидува во Прага намалување на местата каде се играат овие игри, од 650 на 340.

Ќе бидат донесени забрани за сместување на автомати во рестораните, како и забрани за ставање реклами над играчниците. Иако главниот град со новите ограничувања ќе изгуби неколку милиони евра годишно, за такви мерки размислуваат и локалните власти на други општини.

Слично

Поврзани вести