Над 4 000 исламисти се инфилтрирале во ЕУ
Повеќе од четири илјади борци на организацијата „Исламска држава“ се инфилтрирале на територијата на Европската унија како мигранти. Според британскиот весник „Daily Express“ се очекува до крајот на годината уште најмалку толку терористи да влезат на територијата на Заедницата.
Борците поминале низ сириско-турската граница. Од почетокот на граѓанската војна во Сирија, бројот на бегалците достигнал 1,5 милиони луѓе во Турција.
Се смета дека дел од терористите пристигнуваат главно од пристанишните градови Измир и Мерсин, каде илјадници бегалци се качуваат на опасната пловидба по Средоземното Море, за да стигнат до Италија.
Поранешниот британски министер за надворешни работи Дејвид Милибанд ги повика САД да прифатат 65 илјади сириски бегалци до крајот на 2016 година, кога ќе истече и мандатот на претседателот на државата Барак Обама.
Во меѓувреме воздухопловните сили на Ирак за прв пат нанесле удар на позициите над „Исламската држава“, користејќи за целта американски борбени авиони Ф-16.
Според податоци на Пентагон првите четири борбени авиони Ф-16 беа испорачани од САД во Ирак во јули оваа година. Се очекува дека ќе бидат доставени уште неколку примероци од нив во догледна иднина.
