Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 280.000 луѓе загинаа во Сирија, повеќе од 3000 со неутврден идентитет

Над 280.000 луѓе загинаа во Сирија, повеќе од 3000 со неутврден идентитет

Од почетокот на војната во Сирија пред пет години досега загинаа над 280.000 луѓе.

Ова го соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Меѓу загинатите се и 3.522 лица чиј идентитет не е утвреден. Оваа опозициска организација информира дека според нејзиниот биланс на жртви, во конфликтот во Сирија загинале 282.283 лица, од кои 81.436 биле цивили. Меѓу загинатите цивили имало и 14.040 деца и 9.106 жени. Како борци на разни бунтовнички групи загинале 48.586 лица, а  уште 47.095 луѓе ги загинале борејќи се во редовите на џихадистите. Меѓу нив има и сириски државјани, но и странци.

Силите на претседателот на Сирија, Башар ел Асад загубиле 101.662 борци, од кои 56.609 се припадници на регуларната Армија.

Слично

Поврзани вести