Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 2.400 жртви во разорниот земјотрес во Авганистан: Жителите со раце копаат низ урнатините во потрага по преживеани (ВИДЕО)

Над 2.400 жртви во разорниот земјотрес во Авганистан: Жителите со раце копаат низ урнатините во потрага по преживеани (ВИДЕО)

Бројот на жртвите од разорните земјотреси, кои во саботата го погодија западен Авганистан, надмина 2.400, а во очајнички обид да ги извлечат жртвите, Авганистанците со голи раце и лопати копаат низ урнатините.

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала погоди густо населена област кај Херат, а по првиот следеа силни последователни потреси со јачина од 6,3, 5,9 и 5,5 степени.

Портпаролот на авганистанското Министерство за катастрофи, Џанан Сајик, во порака испратена до Ројтерс синоќа изјави дека загинале 2.445 лица, а повеќе од 2.000 луѓе се повредени.

Тој наведе и дека се уништени или оштетени 1.320 куќи. Најмалку шест села се уништени, а стотици цивили се затрупани под урнатините, изјави претходно претставник на Министерството за информации и апелираше за итна помош.


Луѓето останаа заробени под срушените куќи, а мештаните чекаа помош и ги откопуваа луѓето без лопата, пишува АП. Под урнатините има и живи и мртви, пренесува Индекс.

„Повеќето луѓе беа шокирани... некои не можеа да зборуваат, а имаше и такви кои не можеа да престанат да плачат и да викаат“, рече фотографот Омид Хакџу, кој вчера посети четири села, во телефонска изјава за АП.


Доколку се потврди бројот на жртви што го пријави портпаролот на авганистанското Министерство за катастрофи, земјотресот во сабота ќе биде еден од најсмртоносните што го погоди Авганистан во последните две децении.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести