Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 2000 мигранти се спасени крај Либија на пат за Италија

Над 2000 мигранти се спасени крај Либија на пат за Италија

Околу 2300 мигранти се спасени крај Либија на пат за Италија, пренесоа светските агенции.

Спасените мигранти биле на 18 пловни објекти. Италијанските гранични патроли се координирале за спасувачката операција. Во неа учествувале и шпански брод од европската морска операција Софија против шверцерите на мигранти, ирски воен брод и неколку бродот на хуманитарни организации, соопштија светските агенции.

Според податоците на италијанското Министерство за внатрешни работи, во Италија од почетокот на годината во Медитеранот пристигнале 124 500 мигранти, потсетува Франс прес.

Минатата година во земјата пристигнале за истиот период 122 000 мигранти. Сега Италија треба да ги идентификува новодојдените, а на север де факто границите за мигрантите се затворени и тоа блокира голем дел од овој проток на италијанска територија. Во Италија има недостиг на центри за сместување, па едвај 155 000 од мигрантите се сместени во нив.

Слично

Поврзани вести