Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 200 милиони луѓе бараат работа!

Над 200 милиони луѓе бараат работа!
Бројот на невработени во светот минатата година надминал 200 милиони луѓе, бидејќи можностите за вработување не растат со исто темпо како и зголемувањето на бројноста на работната сила, објави Меѓународната организација на труд.

Според проценките на оваа агенција на Обединетите нации, на крајот на 2013-та година во светот имало 201,8 милиони невработени, или за 4,9 милиони повеќе отколку во претходната година.

Источна и Јужна Азија донеле над 45 отсто од минатогодишниот вкупен раст на бројот на невработени во светот. Меѓународната организација на труд не очекува подобрување ниту оваа година: глобалната стапката на невработеност ќе се зголеми од 6 на 6,1 отсто, а бројот на невработени ќе се зголеми за уште 4,2 милиони.
Слично

Поврзани вести