Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 20 луѓе загинаа на аеродромот во Кабул

Над 20 луѓе загинаа на аеродромот во Кабул

Повеќе од 20 луѓе загинаа на аеродромот во Кабул, Авганистан во последните седум дена откако Талибанците ја зазедоа авганистанската престолнина. 

Многу странци и Авганистанци се обидуваат да се евакуираат, изјави денеска официјален претставник на НАТО, кој сака да остане анонимен.

Вели нивните сили одржуваат строго растојание од надворешната зона надвор од аеродромот во Кабул, со цел да избегнат какви било борби со Талибанците. Голем број луѓе притискаат секој ден околу аеродромот во обид да го напуштат Авганистан со летови со кои западните земји ги евакуираат своите државјани и соработници.

Аеродромот во Кабул ќе биде затворен 48 часа со цел да се евакуираат оние што се веќе на него, пренесува агенцијата „Хама прес“, повикувајќи се на американскиот Стејт департмент. 

Слично

Поврзани вести