Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 20 исчезнаа, а 32 спасени од брод што потона близу Багладеш

Над 20 исчезнаа, а 32 спасени од брод што потона близу Багладеш
Над 20 лица се водат како исчезнат, а 32 се спасени денеска од брод кој потона во близина на Бангладеш, соопшто тамошната полиција. Бродот бил преполн со емигранти од Бангладеш кои тргнале за Малезија. Полицијата вели дека на бродот се наоѓале околу 60 лица, според информациите кои ги добиле од спасените. „Не се знае каде се нешто повеќе од 20 лица. Припадниците на крајбрежната стража и полицијата ја продолжуваат спасувачката операција“, рече шефот на локалната полиција, Масуд Алам и дополнидека сите спасени лица се државјани на Бангладеш кои тргнале кон Малезија. Повеќе илјадици сиромашни државјани на Бангладеш секоја година се обидуваат да емигрираат во Малезија и се одлучуваат на опасното патување во таа земја долго 3.200 километри. Според активистите на групите за заштита на човековите права, повеќето од нив загинуваат за време на патувањето, или завршуваат во рацете на трговци со луѓе.
Слично

Поврзани вести