Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАД 10.000 КУЌИ ПОПЛАВЕНИ ВО РУСИЈА - се евакуираат жители, се очекува раст на нивото на реките

НАД 10.000 КУЌИ ПОПЛАВЕНИ ВО РУСИЈА - се евакуираат жители, се очекува раст на нивото на реките

Повеќе од 10.000 станбени згради се поплавени во руските региони Урал, Волга и западен Сибир, соопштија службите за вонредни состојби, евакуирајќи ги жителите од градовите погодени од поплавите.

Поплавени се повеќе од 10.400 станбени објекти, соопшти Министерството за вонредни состојби.

Метеоролозите најавија натамошен пораст на температурите и зголемено топење на снегот и мразот, што ќе влијае на порастот на нивото на реките.



Русија во последните денови евакуираше илјадници луѓе поради поплавите, главно во областа Оренбург, која се граничи со Казахстан.

Голем дел од градот Орск (220.000 жители) беше поплавен по пукање на брана во петокот вечерта.

Руската метеоролошка агенција соопшти дека очекува поплавите во Оренбург и околните области да го достигнат врвот во среда.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести