Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАД 1.000 ЛУЃЕ ЈА БАРАА ТРИ ДЕНА: Двегодишната Виолета од Харков е најдена во блиската шума

НАД 1.000 ЛУЃЕ ЈА БАРАА ТРИ ДЕНА: Двегодишната Виолета од Харков е најдена во блиската шума

Двегодишно украинско девојче е пронајдено живо во шума три дена откако исчезнало.  Детето кое исчезна од својот дом во Харков е пронајдено живо во блиската шума.

Виолета исчезна од својата градина пред три дена, а повеќе од илјада луѓе ја бараа.

„Повеќе од илјада луѓе, меѓу кои полицајци, спасувачи, волонтери и локални жители, го бараа детето во селото, меѓу грмушките, мочуриштата и ги прегледаа сите околни акумулации“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Украина.

Откако ја нашле велат дека Виолета е многу уморна, жедна и гладна. Таа добила лекарска помош. Имаше многу случаи на илегално однесени украински деца во Русија во текот на војната. 

Слично

Поврзани вести