НАД 100 ГРАНАТИ ГИ ПОГОДИЈА РУСКИТЕ ГРАДОВИ, СИРЕНИТЕ ПИШТАТ - предизвикан и прекин на електричната енергија
Има нов бран руски напади ширум Украина, поради што беше издадено предупредување за воздушен напад во неколку градови во земјата.
Претседателскиот советник Олексеј Арестович напиша на социјалните мрежи дека повеќе од 100 проектили биле лансирани кон украинските градови во „неколку бранови“, јавува Би-Би-Си.
Арестович ги повика цивилите да бараат засолниште и рече дека воздушната одбрана на земјата работи.
Најмалку две експлозии се слушнале во главниот град Киев, но не е јасно дали тие биле предизвикани од ракетни напади или од воздушната одбрана. Луѓето во градот се кријат во метрото.
Експлозии се слушнале и во градовите Харков, Одеса и Житомир. Регионалниот лидер на Одеса, Максим Марченко, изјавил дека ова е масовен ракетен напад врз Украина.
Александр Вилкул, шеф на Воената управа во централниот град Кривји Рих, рече дека ракетите биле лансирани од руски „бродови и авиони од Црното Море“.
Тој додаде дека струјата во градот е исклучена како „претпазливост“.
Москва во неколку наврати негираше дека цели на цивили во нејзините ракетни напади. Сепак, претседателот Владимир Путин неодамна призна дека руските војници ги гаѓаат критичните енергетски постројки на Украина.
Признанието на Путин уследи по наводите од некои меѓународни лидери, вклучително и францускиот претседател Емануел Макрон, дека гаѓањето на енергетските објекти може да биде воено злосторство.
