Над 10.000 тони отровна пченка од Србија откриена во Германија
Во германската покраина Долна Саксонија откриени се најмалку десет илјади тони контаминирана пченка, по потекло од Србија, која е наменета за исхрана на добитокот, соопшти покраинското Министерство за земјоделство, пренесува германскиот весник „Шпигел“
Според весникот, станува збор за најмаллку 10.000 тони пченка затруена со габи, Афлатоксин Б1 и додава дека пченката е испорачана за околу 3.500 домаќинства во покрината Долна Саксонија.Во Германија вкупно се увезуваат 45 илјади тони пченка, од кои десет илјади се пуштени во употреба, а останатите се наоѓаат во магацините.
Околу десет илјади тони испорачани се од 13 фирми за производство на сточна храна, кои користат пченка за производство на храна за свињи, говеда и живина. Добиточната храна е испорачана во Долна Саксонија и Северна Рајна Вестфалија, а во помал дел и во Саксонија Анхалт, Бранденбург, Шлезвиг Холштајн, Мекленбург - Западна Померанија и Саксонија.
Дозволената количина на Афлатоксин Б1 изнесува 0,02 килиграми по килограм. Во испораката од Србија имало 0,204 милиграми.
