Над 1.700 лица починаа од горештините во Индија
Над 1700 лица починале како последица на топлотниот бран, кој зафатил повеќе области во Индија, пренесуваат агенциите.
Најтопло е во јужните држави Андхар Прадеш и Телангана каде починале соодветно 1300 и 440 лица. Температурите таму од пред неколку дена се околу 47 степени.
Владата во државата Андхар Прадеш отворила мобилни пунктови за помош, каде што сите заинтересирани можат да добијат вода за пиење и млеко.
Од жештина загинаа и десетици луѓе во државите Западен Бенгал, Бихар, Одиша (поранешен Ориса) и во главниот град Њу Делхи.
Според метеоролозите горештините ќе продолжат најмалку до крајот на неделава. Во почетокот на јуни синоптичарите очекуваат врнежи.
Слично
