Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 1.000 милијарди долари се приходите од глобалната интернет трговија

Над 1.000 милијарди долари се приходите од глобалната интернет трговија
Глобалните приходи остварени во електронското тргување на мало во минатата година за прв пат надминаа 1.000 милијарди долари, од што најголемиот дел е остварен во САД, додека Кина е на пат годинава да се пробие на второто место, објави истражувачката компанија eMarketer. Глобалните приходи во трговијата преку интернет лани се зголемиле за 21,1 отсто, на нето повеќе од 1.000 милијарди долари, објави во вторникот компанијата за собирање и обработка на пазарни податоци со седиште.  Воедно се прогнозира дека глобалната продажба во 2013 година ќе зајакне за дополнителни 18,3 отсто, со оглед дека се очекува силен раст во Азија. Северна Америка и натаму е водечки регион за електронско тргување, со остварени приходи од 364 милијарди долари во 2012 година, што е зголемување за 13,9 отсто. Во 2013 година се предвидува азиско-пацифичкиот регион да се пробие на прво место, со оглед дека се предвидува пораст за 30 отсто, на 433 милијарди долари приходи.  
Слично

Поврзани вести