Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЦИСТИЧКА СЕКРЕТАРКА Е ОСУДЕНА ЗА УБИСТВА НА 10.505 ЛУЃЕ: Била дактилографка во логорот Штутхоф

НАЦИСТИЧКА СЕКРЕТАРКА Е ОСУДЕНА ЗА УБИСТВА НА 10.505 ЛУЃЕ: Била дактилографка во логорот Штутхоф

Германскиот суд денеска го осуди поранешниот секретар на командантот на нацистичкиот концентрационен логор Штутхоф, Ирмгард Фурнер (97) за соучесништво во убиство на 10.505 луѓе за време на Втората светска војна.

Државниот суд ја осуди Фурнер на две години условна казна, во согласност со она што го бараа обвинителите, додека одбраната побара нејзино ослободување, пренесува АП.

Фурнер беше обвинетa дека бил дел од системот што вршел масовни убиства во логорот.

Се тврди дека таа им помагала и ги поттикнувала одговорните за систематското убивање на затворениците во логорот помеѓу јуни 1943 и април 1945 година, извршувајќи ја функцијата стенограф и дактилограф во канцеларијата на командантот на логорот.

Се верува дека околу 65.000 луѓе биле убиени или загинале во логорот Штутхоф за време на Втората светска војна, вклучувајќи еврејски затвореници, нееврејски Полјаци и заробени советски војници, јавува Би-Би-Си.

За време на судењето, историчарите презентираа податоци дека само меѓу јуни и октомври 1944 година, 48.000 луѓе биле насилно транспортирани во Штутхоф, откако нацистите одлучиле да го прошират логорот и да го забрзаат процесот на убивање затвореници во гасни комори.

Поранешниот чувар на логорот, Бруно Деј, беше осуден на две години затвор во 2020 година под сомнение дека учествувал во убиство на неколку затвореници, потсетува Би-би-си.

Минатата година, друг поранешен чувар на логорот беше прогласен за некомпетентен да му се суди, иако судот рече дека постои „висок степен на веројатност“ дека тој е виновен за соучесништво во убиствата.


Слично

Поврзани вести