Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нацијата им старее, но намалија возраст за пензионирање

Нацијата им старее, но намалија возраст за пензионирање

Долниот дом на полскиот парламент одобри намалување на возраста за пензионирање во земјата до 65 години за мажите и 60 години за жените, пренесува Ројтерс.

Намалувањето на возраста за пензионирање беше едно од основните предизборни ветувања на владејачката партија „Право и правда" на претседателот Анджеј Дуда.

Многу економисти и опозицијата го критикуваат потегот како премногу скап за буџетот.

Претходното центристичката влада на партијата „Граѓанска платформа",  ја зголеми возраста за пензионирање, за да се намали притисокот врз буџетот. Утврдено е постепено зголемување до 67 години и за мажите и за жените.

Полска со 38 милиони луѓе е меѓу земјите со најбрзо стареењето во Европската унија.

Намалувањето на возраста за пензионирање треба да биде одобрено и од Сенатот, каде доминира „Право и правда", и од претседателот, пред да влезе во сила.



Слично

Поврзани вести