Економија, финансии, бизнис

Контакт

Набљудувачи на ОБСЕ киднапирани во Украина

Набљудувачи на ОБСЕ киднапирани во Украина
Седуммина набљудувачи на ОБСЕ се киднапирани денеска и ги држат проруските сепаратисти во Славјанск, објави украинското Министерство за внатрешни работи. „Непознати лица денеска го запреле автобусот, во кој се наоѓале 13 лица, меѓу кои и набљудувачите на ОБСЕ, петмина украински војници и шоферот... киднапираните се наоѓаат во седиштето на локалната специјална служба, кое е под контрола на сепаратистите“, стои во соопштението на украинските власти. Украинскиот премиер Арсениј Јацењук денеска ја обвини Русија дека сака да ја окупира Украина армиски и политички, во време кога и Киев, и Москва натрупуваат сили на границата. Јацењук предупреди дека постапките на Русија може да доведат до поширок армиски судир во Европа. На средбата на преодниот владин состав, тој кажа дека Москва „сака да започне Трета светска војна“.
Слично

Поврзани вести