Економија, финансии, бизнис

Контакт

На земјата со најмоќна економија и се заканува вулкан?

На земјата со најмоќна економија и се заканува вулкан?

Честите земјотреси помеѓу Баварија, Саксонија и соседна Чешка создаваат сомнежи дека се буди вулканот под германската покраина, Баварија.

Алармот е вклучен откако само во текот на пролетта во регионот биле регистрирани повеќе од 1.000 земјотреси.

„Мислиме дека надгледуваме будење на еден вулкан“- вели Торстен Дам, од германскиот центар за геолошки истражувања. 

Додава дека на тоа упатуваат повеќе фактори меѓу кои и фактот што во регионот се создава резервоар со магма.

Дам и неговиот тим наскоро ќе направат повеќе подземни  истражувања со цел подетално да се објаснат случувањата во критичното подрачје.

Слично

Поврзани вести