На земја далеку помоќна од нашата Унгарија одби екстрадиција
Унгарија одби да им ги екстрадира на САД Русите осомничени за шверц на оружје.
Со ова се доведува во прашање дали земјата сака да спроведува закон и владеење на право, и ја разочара САД, земја со која се партнери.
Земјата го отфрли барањето на САД за екстрадиција на двајцата Руси осомничени за шверц на оружје и ги испрати во Русија, а засега не се знае дали таму ќе им суди.
Портпаролката на Стејт департментот Хедер Науерт, изјави дека САД имаат цврсти докази против осомничените Владимир Љубишин постариот и Владимир Љубишин помладиот.
„САД се разочарани од одлуката на Унгарија да го одбијат нашето барање за екстрадиција на двајцата осомничени трговци со оружје и наместо тоа да ги екстрадираат во Русија“, напиша Науерт на Твитер.
Документите на американскиот суд покажуваат дека лицата се осомничени за поседување дрога и оружје и за здружување поради продажба на воено оружје од руско производство, што вклучува и противавионски проектили.
Двајцата се обвинети за обид за трговија со мексикански наркокартел за оружје во вредност од милиони долари во замена за кокаин. Тие се уапсени во долготрајната меѓународна операција при што се уапсени од агентите на Американската агенција за борба против наркотици (ДЕА) и Унгарскиот центар за борба против тероризмот (ТЕК) на 9 ноември 2016 година, пренесе Дојче веле.
