Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Зеленски не му се допаѓа предлогот на Мерц, бара Украина да има право на глас во ЕУ

На Зеленски не му се допаѓа предлогот на Мерц, бара Украина да има право на глас во ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати официјално писмо до лидерите на Европската Унија(EУ), во кое го оцени германскиот предлог за доделување „асоцијативно“ членство на Украина како „неправедно“, бидејќи со тоа Киев би останал без право на глас во блокот.

Зеленски нагласува дека по падот од власт на унгарскиот премиер Виктор Орбан по парламентарните избори одржани на 12 април – кој беше голем противник на евроинтеграцијата на Киев – се отворила реална можност за суштински напредок во преговорите за пристапување.

„Неправедно е Украина да биде присутна во Европската Унија, а да остане безгласна. Сега е вистинскиот момент да се напредува по прашањето за полноправно и содржинско членство на земјата“, вели украинскиот претседател.

Претходно, германскиот канцелар Фридрих Мерц, исто така во писмо до европските лидери, предложи Украина да добие нов статус на „асоцијативен член“ на ЕУ. Тоа би им овозможило на украинските претставници да учествуваат на самитите на ЕУ и на министерските состаноци, но без право на учество во гласањето. Мерц вели дека ова е замислено како привремена фаза кон полноправна интеграција, што воедно би ги олеснило напорите за завршување на војната со Русија, која трае веќе петта година.

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

Слично

Поврзани вести