Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Wall street со слаб промет индексите Dow Jones и S&P 500 ги продлабочија минусите

На Wall street со слаб промет индексите Dow Jones и S&P 500 ги продлабочија минусите

На Wall street со слаб промет индексите Dow Jones и S&P 500 ги продлабочија минусите по минатоседмичните најголеми загуби од јуни, додека индексот Nasdaq успеа да го заврши тргувањето во позитивна област, благодарејќи на растот на цената на акцијата на технолошките компании „BlackBerry" и „Apple".

Така во понеделникот индексот Dow Jones ослаби за 0,04 отсто, на 15.419 поени, S&P 500 се спушти за 0,12 отсто, на 1.689 поени, додека технолошкиот индекс Nasdaq зајакна за 0,27 проценти, на 3.669 индексни поени.

Обемот на тргувањето во понеделникот беше „тенок", со помалку од пет милијарди акции кои ги променија сопствениците, што е еден од најниските промети од почетокот на 2013 година, Во просек, на њујоршките берзи дневно 6,36 милијарди акции ги променуваат сопствениците.

Многу инвеститори се на годишен одмор во август, а сезоната на објавување на корпоративните заработки се ближи кон крајот со што пазарот влегува во вообичаената сезонска миран фаза. Меѓутоа, со слабите промети, пазарот има наклонетост на големи осцилации.

Според добивката се истакна акцијата на „BlackBerry", откако овој производител на паметни телефони извести дека формирал комисија којашто ќе ја истражи можноста за негова продажба или партнерства. Цената на акцијата скокна за 10,5 отсто, на 10,78 американски долари.

Значително порасна и цената на акцијата на „Apple", за 2,8 отсто, на 467,36 долари, откако неко и медиуми објави дека на 10-ти септември се очекува претставување на редизајнираниот модел на новиот смартфон „IPhone“, објави „Макфакс“.

Слично

Поврзани вести