НА ВОЗАЧОТ МУ СЕ СЛОШИЛО: Автомобил влета во толпа во Италија, едно лице загина
Автомобил влета во толпа на прославата на Денот на ослободувањето на Италија, а едно лице загина.
Инцидентот се случил за време на прослава организирана од Здружението на италијански партизани од Втората светска војна, на која присуствувале околу стотина луѓе. Пожарникарите соопштија дека на 80-годишниот возач му се слошило пред да удри во толпата на прослава во градот Пјетроза. Несреќата се случила на крајот од локалната парада. Денот на ослободувањето на Италија е државен празник кој се слави со паради и митинзи низ целата земја. Училиштата, владините институции и повеќето продавници се затворени.
foto X
Слично
