Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ВЕНЕЦИЈА И „ПРЕКИПЕ“ ОД ТУРИСТИ: Градските власти решија да го намалат приливот, се воведува драстична мерка

НА ВЕНЕЦИЈА И „ПРЕКИПЕ“ ОД ТУРИСТИ: Градските власти решија да го намалат приливот, се воведува драстична мерка

Се очекува Венеција да одобри пробна дневна такса од 5 евра за посетители, во обид да го контролира туризмот, пишува Би-Би-Си.

Сите посетители на возраст над 14 години ќе треба однапред да платат такса и да резервираат влез во градот. Членот на градскиот совет за туризам Симоне Вентурини вели дека тоа ќе се спроведе во текот на туристичката сезона следната година.

„Венеција е меѓу најпосетуваните европски градови... и затоа најмногу страда од вишокот туризам“, рече тој.

Овертуризмот е актуелен проблем за Венеција. Градот, кој е со големина од само 7,6 квадратни километри, прими речиси 13 милиони туристи во 2019 година. Бројот на посетители се очекува да ги надмине нивоата пред пандемијата во наредните години.

„Целта на оваа мерка е дневните патници да избираат денови за одмор“, рече Вентурини.

Претходно оваа година, УНЕСКО соопшти дека градот треба да се додаде на листата на загрозени места на светско наследство, бидејќи влијанието на климатските промени и масовниот туризам се закануваат да предизвикаат неповратни промени.

Во 2021 година, на големите бродови за крстарење им е забранет влезот во историскиот центар на Венеција преку каналот Џудекка. Критичарите на масовниот туризам, исто така, тврдат дека бродовите предизвикуваат загадување и ги поткопуваат темелите на градот, кој страда од редовни поплави.

Сепак, не е јасно дали планот за воведување дневна наплата ќе ги одврати туристите.

Карина од Германија изјави дека нема да има проблем да го плати данокот. „На одмор сме, 5 евра не се премногу.

Но, другите посетители се согласуваат дека нешто треба да се направи.

„Дефинитивно е преполно“, вели Кал, студент од Ирска. „Отидовме на главниот плоштад и планиравме да одиме до Свети Марко, но редот беше предолг.

Се повеќе жители на Венеција одлучуваат да си заминат, а за само пет месеци бројот на легла за туристи се зголемил за 1.000 единици. Многу јавни згради, како што е Стопанската комора, сега се претворени во хотели.

„Тоа е драматична ситуација, бидејќи ја означува трансформацијата од град во неград, населен со привремени посетители.

Г-ѓа Фиано верува дека начинот за решавање на овој проблем е да се ограничи сместувањето за изнајмување за туристите. Не е убедена дека дневницата ќе успее да промени нешто. 

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести