Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Унгарија секоја година и недостигаат 40.000 работници

На Унгарија секоја година и недостигаат 40.000 работници

Унгарија се бори со недостигот на работна сила, а само оваа година 35.000 работни места останаа непотполнети.

Едно од решенијата е да се ангажираат работници од странство. Доселувањето е важно во вакви ситуации, а може да биде и трајно. На Унгарија секоја година и фалат од 40.000 до 50.000 работници, што значи дека за десет години бројот на потребни работници ќе биде 500.000.

Причина за ваквата состојба е нискиот наталитет, така што населението во 2011 година за прв пат по 1960 година паднало под 10 милиони.

Многу Унгарци заминале во странство за поголема плата, затоа што просечната плата кај нив лани била 650 евра и со тоа се на дното во ЕУ.

Владата размислува да обезбеди квалификувани работници од земји од ЕУ или други земји.

Слично

Поврзани вести