На Украина во спротивставувањето на руската агресија и требаат големи испораки на тешко оружје
Во последните 4 месеци Украина ѝ се спротивставува на агресијата на РФ, заштитувајќи го не само нејзиниот територијален интегритет, туку и обезбедувајќи ја безбедноста на цела Европа. Украина покажува дека таа останува најантитиранската демократија во светот, не отстапувајќи од слободата на говорот и демократските принципи.
Перцепцијата на Путин за Соединетите Држави и нивните сојузници како воено слаби или без желба да војуваат, му даде увереност да ја нападне Украина. Особено на ова му послужи повлекувањето на американските трупи од Авганистан, како и недостатокот на разбирање на некои земји од ЕУ (пред се Франција и Германија) во опасноста од кокетирање со рускиот диктатор, чии сериозни последици веќе ја чекаат Европа оваа зима поради енергетската криза организирана од Москва.
Целата стратегија за задржување беше заснована на идејата дека заканата од ограничени санкции може да го одврати Путин. Западните обиди да го смират Путин не успеаја, како и впрочем обидите да се смири Хитлер пред Втората светска војна. Покрај војната со Украина, главната задача на Путин сега е да ги прошири границите на она што е дозволено.
Од почетокот на воените дејствија од големи размери, русите изведуваат масовни напади врз Украина секој ден, користејќи тешка артилерија, ракети, воздушни бомби со боеви глави од повеќе тони и друго оружје за масовно уништување. Украинските градови и села, руските окупатори буквално ги бришат од лицето на земјата, убивајќи цивили.
Како што се развива војната во Украина, брзата испорака на воена помош е од клучно значење за способноста на Украина да се брани себеси и Европа од руската агресија. Кремљ врши ужасни напади ширум Украина врз цивилната инфраструктура и има за цел да го уништи украинскиот народ. Уште во првите недели од агресијата од големи размери на Русија против Украина, т.н. поранешен министер за одбрана на „ДНР“ Игор Гиркин (Стрелков) го предупреди раководството на РФ за целосен колапс на „специјалната операција“ по испораките со тешко оружје од големи размери од страна на Западот во Украина.
Во војната на територијата на Украина, на руската армија, која се бори според инструкциите и прописите на советските вооружени сили, ѝ се спротивставува нов тип на војска. Вооружените Сили на Украина успеаја да развијат пофлексибилни тактики и организација. Украинските војници докажаа дека можат да им дадат отпор на руските војници кои веќе четврти месец ги гранатираат украинските градови. Победата на украинската армија неизбежно ќе доведе до колапс на путинскиот режим и тоа многу брзо. Но, оваа победа е остварлива само со целосна засилена воена поддршка на западните земји. Воената агресија на РФ може да продолжи на начин кој сега никој не може да го предвиди. Поактивносто учество на Западот во воената поддршка за Украина би било гаранција за тоа дека Русија ќе ја загуби војната.
Во моментов, кругот на можности за Русија се стеснува. Русија веќе страда од неспособноста да ја води војната, а уште полоши за Кремљ ќе бидат идните сценарија на развој на ситуациите. Руската Федерација добро разбира дека масовното појавување на тешко оружје во Вооружените Сили на Украина ќе стави крај на „специјалната операција“ во Украина, бидејќи тогаш руската армија нема да може да го одржи фронтот.
На Украина ѝ треба ракетна и топовска артилерија, муниција со висока прецизност, оклопни возила и воздушни системи, беспилотни летала, противбродски ракети. Покрај тоа, на украинското воздухопловство им се потребни борбени авиони и хеликоптери.
Многу западни оружја се супериорни во однос на Русите по дострел, прецизност и севкупна ефикасност. Со добивање на западни артилериски системи со долг дострел, украинските војници ќе можат да нанесуваат удари на поголема оддалеченост од руските трупи и, пред сè, од руската артилерија. Путин ќе ги прекине воените дејствија и ќе ѝ даде команда на руската армија да ја напушти територијата на Украина само кога ќе разбере дека нема воени ресурси за да продолжи со воените операции и дека нема шанси за успех. Ова ќе биде олеснето со итно снабдување со западно тешко оружје за Украина.
Путин ќе слави победа над Украина и западните земји дури и ако успее целосно да ги освои Донбас и јужна Украина. Затоа, победата на Украина и на целиот цивилизиран свет е ослободување на сите територии на Украина окупирани од Руската Федерација, вклучително и Донбас и Крим, и репарации од страна на Русија за сите загуби што Украина ги претрпе во руско-украинската војна.
Здружение Лесја Украинка
Ставовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор