Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Украина ќе и требаат децении за да стане дел од ЕУ, образложи Макрон

На Украина ќе и требаат децении за да стане дел од ЕУ, образложи Макрон

Украина нема да може брзо да влезе во Европската Унија(ЕУ). 

Зошто е тоа така, објасни францускиот претседател Емануел Макрон. Тој изјави дека веројатно ќе бидат потребни неколку децении за Украина да стане полноправна членка на ЕУ. Во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур, Макрон изјави дека се надева дека ЕУ ќе постапи „брзо“ по прашањето за процесот на пристапување на Украина. Земјата го пополни вториот прашалник како дел од процесот на аплицирање во ЕУ. Макрон вели дека Украина е веќе член на европското семејство поради нејзината „борба“ и „храброст“, пренесува Би-би-си. Oткако Русија на 24 февруари ја нападна Украина, земјата побара брз прием во ЕУ. Пропаднаа и надежите на Украина дека ќе стане дел од НАТО. 

Слично

Поврзани вести