НА УДАР ИТАЛИЈА: Регистриран земјотрес од 4.2 степени
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер го стресе северниот дел на Италија.
Епицентарот на земјотресот бил на 92 километри јужно од градот Милано, односно на 47 километри североисточно од Џенова.
Засега нема никакви информации за жртви и предизвикана штета.
Во светот силен земјотрес од 5.6 степени денеска имаше во Индонезија.
Во регионот, потрес од 3.6 степени го стресе хрватскиот град Дубровник и Требиње во БиХ.
Слично
