Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ТВИТЕР СЕ ПОЈАВИ ХАШТАГ „МРТОВ Е“ - истрага против 30 лица поради сугерирање дека турскиот претседател Ердоган починал

НА ТВИТЕР СЕ ПОЈАВИ ХАШТАГ „МРТОВ Е“ - истрага против 30 лица поради сугерирање дека турскиот претседател Ердоган починал

Турските власти покренаа правна постапка против 30 лица поради објава на Твитер во која се наведува дека претседателот Реџеп Таип Ердоган наводно починал.

Во соопштението од полицијата се вели дека осомничените се под истрага поради објавите со хаштаг „олмус“, што е турски збор што грубо значи „мртов е“.

Тие би можеле да бидат обвинети за наводно ширење „дезинформации и манипулативна содржина“, како и за навреда на Ердоган, пренесува АП.

Твитовите уследија по зголемените шпекулации за здравјето на Ердоган по неодамнешното видео на кое се гледа како турскиот претседател се движи непредвидливо и тешко.

Инаку, според некои шпекулации, тој имал мозочен удар и бил хоспитализиран.

На социјалните мрежи беше објавено и видео на кое се гледа како Ердоган тешко се движи. 

Портпаролот на Ердоган, пак, Фахретин Алтун, на Твитер објави видео како турскиот претседател излегува од возило без помош.

„Верувајте им на пријателите, плашете се од непријателите“, напиша Алтун на Твитер.

Слично

Поврзани вести