На Турција ѝ се ветуваат многу привилегии, само да ги прими мигрантите
Турција е во фокусот на новиот план за справување со бегалската криза, кој беше донесен на денешниот Самит во Брисел.
Според нацрт-заклучоците, Турција ќе и помогне на Европската унија да се справи со приливотна бегалци, а за возврат ќе добие политичка и финансиска помош.
ЕУ и вети на Турција дека ќе и даде три милијарди евра и ќе ги рестартира закочените преговори за влез во унијата.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека договор меѓу ЕУ и Турција ќе помогне миграцискиот поток да биде ставен во правна рамка, наместо неконтролираниот прилив во моментот.
„Основен дел од тој план за дејствие меѓу ЕУ и Турција ќе биде како можеме да ја замениме илегалната миграција со легална миграција, како можеме да ја подобриме положбата на бегалците внатре во Турција" - рече Меркел.
Претседателот на Европскиот совет пак, Доналд Туск рече дека никаков договор со Турција нема да е доволен, за Европа да се справи со најтешката имиграциска криза по Втората светска војна, ако Унијата не ги контролира строго надворешните граници.
„Без контрола на надворешните граници, Шенген ќе стане историја” - рече Туск.
Во потпишување на акциониот план, се очекува тој да стапи на сила веднаш што ќе значи примена на одредбата за билатерална реадмисија и итно враќање на мигрантите на кои не им е неопходна меѓународна заштита
