На турист му наплатиле две евра за сечење сендвич
Турист е шокиран од сметката во ресторан на езерото Комо во Италија, затоа што му наплатиле за сечење сендвич.
Му наплатиле две евра повеќе, бидејќи сендвичот што го нарачал му бил пресечен на половина, пишува „Њујорк пост“. Туристот кој престојувал во регионот на езерото Комо во близина на Милано, нарачал вегетаријански сендвич со помфрит.
Ја платил сметката без да се пожали на персоналот, но подоцна објавил негативна рецензија на веб страната „TripAdvisor“.
„Дополнителните барања имаат цена“, изјавила сопственичката на угостителскиот објект, Кристина Бјаки за италијанскиот весник „Ла Република“.
На сметката се гледа дека цената на сендвичот е 7,50 евра, Кока Кола чини 3,50 евра, водата 1,50 евро и еспресото 1,20 евра, а тука е и спорниот ‘diviso da meta’, односно такса за сечење сендвич, која изнесува 2 евра.
Фото: Принтскрин
