Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Трамп му „светна“ нова идеја - Што ли ќе поставува на ѕидот со Мексико?

На Трамп му „светна“ нова идеја - Што ли ќе поставува на ѕидот со Мексико?

Претседателот на САД Доналд Трамп претстави синоќа на средба со свои поддржувачи во Сидр Рапид, Ајова, своја идеја за инсталирање на соларни панели на ѕидот, кој планира да биде изграден на границата со Мексико, и така да се произведува електрична енергија за финансирање на објектот, пренесоа AFP и Associated Press.

Потоа Трамп се пошегува дека тоа значи Мексико ќе плати многу помалку за изградба на ѕидот.

Во претседателската кампања тој најави дека Мексико целосно ќе треба да го финансира граничниот ѕид - план кој Мексико децидно го отфрли, потсетува АP.

„Само помислете: колку е повисок(ѕидот), толку повеќе вредност генерира“, изјави тој меѓу смеата на присутните.

Покрај тоа, според Трамп панели сакал да направи за да ѕидот изгледа убаво, по што си се пофали сам: „Страшно добра имагинација, нели?“.

Трамп со нова идеја - требало да става соларни панели на ѕидот со Мексико


Слично

Поврзани вести