НА ТРАГЕДИЈАТА ВО ТАСМАНИЈА И НЕМА КРАЈ - почина и 11 годишното момче, шеста жртва од несреќата со замокот на надувување
Единаесетгодишно момче почина денеска, по несреќата во замок на надувување што се случи пред четири дена во австралиската островска држава Тасманија, со што вкупниот број на загинати во трагедијата достигна шест деца, соопшти полицијата.
Децата паднаа од висина од 10 метри на земја откако ветрот крена надуен замок во воздух во четвртокот на прославата на крајот на годината во основното училиште во Девонпорт, на северозапад од земјата.
„Сите ние ја чувствуваме оваа страшна загуба“, рече тасманскиот премиер Питер Гутвејн на прес-конференција.
Животот го загубија три момчиња и едно 12-годишно девојче и едно момче и едно 11-годишно девојче. Две деца се во критична состојба, соопшти полицијата, а едно се опоравува дома.
Полицијата соопшти дека е премногу рано да се каже кога ќе ја заврши истрагата за несреќата и дека треба да ги почитуваат ужалените семејства и училишната заедница.
„Не сакаме да избрзуваме, но исто така разбираме дека заедницата сака одговори“, им рече на новинарите началникот на полицијата на Тасманија, Дарен Хајн.
Државата повика полиција во Нов Јужен Велс да ги испрашува другите петто и шестоодделенци кои биле присутни за време на трагедијата.
Во онлајн собирањето средства за помош на семејствата на жртвите во текот на трите дена, беа собрани близу 1,3 милиони долари од луѓе од дома и од странство.
Извор: Индекс.хр