Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Субрата Рој му е жешко во затвор, бара од судот побрзо да се изјасни

На Субрата Рој му е жешко во затвор, бара од судот побрзо да се изјасни
Индискиот бизнисмен Субрата Рој официјално побаа од индискиот Врховен суд побрзо да донесе конечна одлука во врска со неговиот последен предлог за исплата на кауцијата и да го пушти од затвор затоа што таму е „неподносливо топло“. Адвокатите на Рој истакнале дека нивниот клиент не се чувствува добро, а тоа особено е поттикнато од топлото време во Делхи, кое го прави престојот во затворот Тихар неподнослив. Истовремено, Рој покренал и приватна постапка против Индиецот кој го нападна и го полеа со мастило при неговото прво спроведување до судот. Индискиот бизнисмен ја очекува одлуката на судиите на неговиот последен предлог - бараната кауција да ја исплати на три рати: во рок од три дена да уплати 2.500 крори (околу 415 милиони долари), а уште 2.500 крори, како и банкарска гаранција за преостанатите 5.000 крори (околу 830 милиони долари) да достави во следните 60 дена. Судот по ова прашање донесе т.н. резервирана одлука, која во принцип значи дека судиите сакаат уште еднаш да ги разгледаат сите факти во овој случај и добро да размислат.
Слично

Поврзани вести