Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Статуата на слободата пишува: Бегалци, добредојдовте!

На Статуата на слободата пишува: Бегалци, добредојдовте!

Транспарент на кој пишува дека бегалците се добредојдени, се појави на Статуата на слободата во Њујорк, објави CNN. 

Тој остана на статуата еден час, по што беше тргнат од службеници на националната Служба за парковите на САД, одговорна за одржување на споменикот.

Снимките од невообичаениот настан сепак се шират на интернет и предизвикаа многу коментари на социјалните мрежи.

Започната е истрага за тоа како транспарентот се нашол на статуата. 

Статуата на слободата е споменик од национално значење и поставување на постери и банери на него е строго забрането.

Споменикот е подарок на народот на САД од народот на Франција. Во 1984 година статуата е вклучена во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Слично

Поврзани вести